-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Поднесени се 103 приговори до ДИК за вториот круг од локалните избори

До Државната изборна комисија се поднесени 103 приговори за вториот круг од локалните избори.  Најмногу приговори има поднесено Беса – дури 89. Алијанса за Албанците има поднесено 13 приговори и еден приговор има поднесено НДМ. ДИК има рок од 48 часа да одговори на приговорите. Емат Мехмети од Беса, при поднесувањето на приговорите, посочи дека имало голем број неважечки ливчиња и разни неправилности. По одлуката на ДИК, партиите имаат рок од 24 часа да поднесат тужби до Управниот суд, кој, пак, по тужбите треба да одлучи во рок од 48 часа.

поврзани објави

Последни објави