Трансферот на Нејмар во ПСЖ беше само маневар и никој не верува дека ќе се задржи предолго во Париз, тврдат шпанските медиуми.
“Диарио Гол“ смета дека и во Барселона веруваат дека за неколку години ќе го видат Нејмар во дресот на најголемиот ривал, а дека Лионел Меси веќе знае дека Нејмар е проектиран како замена за Роналдо.
Флорентино Перез го сака тоа, тој за тоа разговараше со таткото на Нејмар во моментот кога Нејмар замина во ПСЖ.
Новинарот Едуардо Инда во септември откри дека постои вербален договор, дека таткото на Нејмар ги прифатил сите услови уште додека бил во Сантос.
Не е тајна дека не му се допаѓа воПариз, без оглед на тоа што е опкружен со Бразилци смета дека лигата му е слаба и неатрактивн, а наводно има и клаузула која би му овозможила за неколку години да ги врати парите вложени од страна на ПСЖ и да одберенов клуб. Во Шпанија се сигурни дека неговиот нареден клуб е Реал Мадрид, само е прашање дали за две или три години, или кога ќе му се истече договорот на Роналдо.