13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Според турскиот парламент САД чуваат 150 атомски бомби во Европа

Според извештај на турскиот парламент,  делови од кој објави турскиот весник „Хуриет“, САД имаат 150 нуклеарни боеви глави распоредени во Италија, Германија, Белгија, Холандија и Турција.

Во извештајот на турскиот Парламент се проценува дека има околу 15.000 нуклеарни боеви глави во светот, кои се сопственост на 14 држави и тие се распоредени во вкупно 107 воени бази. Од нив, 9.400 се уште се употребливи, додека преостанатите се застарени и треба да бидат уништени.

Без конкуренција најголеми нуклеарни воени сили се САД и Руската Федерација, кои заедно имаат околу 93 проценти од светскиот нуклеарен аресенал.

поврзани објави

Последни објави