8.8 C
Skopje
Thursday, February 22, 2024

Премиерот Заев учесник во „Економска конференција на Црна Гора 2017 – Предизвици на патот кон Европската унија“

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денес и утре, 02-ри и 03-ти ноември учествува на меѓународната економска конференција којашто се одржува во Будва, Република Црна Гора насловена „Економска конференција на Црна Гора 2017 – Предизвици на патот кон Европската унија“. Премиерот Заев ја предводи делегацијата на Владата на Република Македонија во којашто се и Кочо Анѓушев-заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, Крешник Бектеши – Министер за економија и Рената Тренеска Десковска – министерка за образование и наука.
 Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ќе има обраќање на панел дискусијата на тема „Регионот после четири години од Берлинскиот процес“. Во рамки на посетата, премиерот Заев, ќе има и работна средба со потпретседателот на ЕБРД, Пиер Хајрброн.
 Во петок (03.11.2017 година) предвидени се билатерални средби.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -