8.8 C
Skopje
Monday, April 21, 2025

Специјалци го чуваат Кривичниот суд, ќе се објави пресудата за „Диво насеље“

Скопје се наоѓа под полициска опсада бидејќи треба да се објави пресудата за „Диво Насеље“. Поради големиот безбедносен ризик, полициски единици се распоредени на повеќе локации низ главниот град. Повеќе стотина припадници на полициските специјални единици, како и нивните колеги од цивилниот и униформираниот состав на полицијата се распоредени околу Кривичниот суд. Роднини и пријатели на обвинетите се собираат денеска за да ја слушнат пресудата за кумановските настани, во кои загинаа осум припадници на полицијата.

 

поврзани објави

Последни објави