Осомничениот за нападот во Менхетн, Узбекот Саипов, го извршил делото во име на Исламската држава, објави полицијата во Њујорк. Напаѓачот бил идентификуван како Саипов, кој дошол во САД во 2010 година. Саипов беше повреден при апсењето од полицијата, а по закрепнувањето во болница, ставен е во притвор. Потсетуваме дека Саипов со возило влезе на велосипедска патека на Менхетн и почна да ги гази случајните минувачи. Во нападот загинаа осум лица, а 11 беа повредени. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека имигантот од Узбекистан кој е обвинет за напад со камион во Њујорк треба да биде осуден на доживотна казна затвор. Трамп ова го наведе на социјалната мрежа Твитер