14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Сокол остана без пасош

Кривичниот им ги одзеде пасошите на поранешниот градоначалник на општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски, и на уште пет негови соработници. На Митровски и петмината негови соработници им е забрането да го напуштат Скопје и имаат обврска да се јавуваат во судот. ОЈО- Скопје вчера соопшти дека е отворена истрага против девет лица осомничени за злоупотреба на службената положба и овластувањето и за несовесно работење во службата. Тие се осомничени дека во 2014 година незаконски  легализирале дивоградби, со што нанеле штета во висина околу 66.600 илјади евра.

поврзани објави

Последни објави