23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Наградата за архитектура „Андреја Дамјанов“ врачена на архитект Билјана Филиповска

Синоќа во Музејот на современа уметност во Скопје, на годинешниот лауреат, архитект Билјана Филиповска и беше доделена наградата “Андреја Дамјанов” за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството за 2017 година.

Наградата “Андреја Дамјанов” е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија, а ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија, чиј претседател Мартин Пановски веќе 12 години е соработник на Филиповска во „Студио 2000“. Честитајќи го признанието за Филиповска, тој ја потенцираше нејзината улогата и искуството во градењето на младите архитекти.

Заблагодарувајќи се на наградата, Филиповска рече дека е среќна што доаѓа од колегите. Таа се наврати на нејзините емотивни врски со некои од објектите од нејзината кариера како Езерото Треска, поштите во Неготино и во Штип, Олимпискиот базен во Скопје. Филиповска зборуваше и за искуство во изградба на станбени објекти како зградите во Капиштец, на работата во Ирак, во државните фирми „Пелагонија“ и „Македонија проект“, и рече дека е посебно горда на работата во „Студио 2000“.

Филиповска е добитник на повеќе награди и признанија: Ноемвриска награда на град Скопје во 1979, Борбина награда за архитектура на РМ во 1979, Диплома на БИМАС за објектот Олимписки базен 1983, награда на БИМАС за објектот Пошта Штип 1986, награда на БИМАС од областа ентериери за Деловен објект во Скопски саем 2006, награда на БИМАС за проект од областа на архитектура за Катна гаража во Прилеп 2008.

поврзани објави

Последни објави