-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Македонија и Бугарија ќе одржат заедничка владина седница во Струмица

Прес-службата на бугарската Влада соопшти дека Македонија и Бугарија на 23 ноември во Струмица ќе одржат заедничка седница на владите на двете земји. Главни теми на седницата ќе бидат подобрувањето на меѓусебните односи, а исто така и други прашања од заеднички интерес. Македонската Влада веќе објави дека ќе одржи заеднички седници со Бугарија, а со Албанија ќе се реализира на 2 декември. Седницата на двете влади ќе заврши со полагање венец на споменикот на македонскиот претседател Борис Трајковски (1999-2004). Заедничката седница е континуитет на позитивниот дијалог и партнерството меѓу двете земји, се наведува во соопштението на прес-службата на бугарската Влада. Одржување заедничка седница било договорено за време на официјалната посета на премиерот Бојко Борисов на почетокот на август, кога беше потпишан Договорот за пријателство, соработка и добрсоседство меѓу двете држави.

поврзани објави

Последни објави