ОН соопштија дека само во текот на оваа година се убиени повеќе од 30 медиумски работници. Известителите од ОН, Агнес Каламард и Дејвид Кај, по повод денешното одбележување на Меѓународниот ден за борба против неказнивоста на злосторствата над новинарите, ги повикаа државите да преземат чекори во тој поглед. Генералното собрание на ОН во 2013 година го прогласи 2 ноември за Меѓународен ден за борба против неказнивоста на злосторствата над новинарите.