Војската на Русија го обвини САД дека попречува во доставување на хуманитарна помош за бегалците од Сирија, што го оцени како еден вид на воено злосторство.
Рускиот центар за помирување на завојуваните страни соопшти дека хуманитарната ситуација е многу тешка во регионот Ал-Танф, на јорданско-сириската границ каде што се наоѓа гарнизонот на меѓународната коалиција под водство на Вашингтон.
„Имено, потребно е итно решавање на хуманитарната ситуација во регионот Ал-Танф поради САД кој тука илегално ја распоредиа воената база и забраниле пристап на 55 километри, што доведе до тоа да десетици илјади бегалци не се во можност да примат хуманитарна помош“, стои во соопштението.
На почетокот на октомври руската војска обвини дека Вашингтон им дава „поддршка“ на Исламската држава во регионот Ал-Танф.
Од друга страна, властите во САД тврдат дека кампот во АЛ-Танф го користата американските и британските специјални сили за обука на сириските побуненици во борба против ИД