Во текот на вчерашниот ден околу 04,30 часот на регионалниот пат Струмица-с.Банско, на излез од с.Куклиш, се случила сообраќајна незгода по која починал 72-годишниот А.А од селото Куклиш.
До несреќата дошло откако непознато возило управувано од засега непознат возач удрило во пешакот А.А. од с.Куклиш, кој од здобиените повреди починал, а возачот го напуштил лице местото. У
вид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи -Струмица, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција. Сторителот откако се дал во бегствот, се уште е недостапен за надлежните.