13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Најлудиот натпревар на годината: Гостите поведоа во 20. секунда, а потоа видео технологијата им поништи два гола на домаќините

Последниот натпревар од 11. коло од Бундеслигата вечерва играа Волфсбург и Херта. Гостите водеа веќе од 1. минута, кога конечно својот прв погодок оваа сезона во Бундеслигата го постигна Ведад Ибишевиќ, поточно во 20 секунда..

После тоа следеше вистинска опсада на голот на Херта, а во 7. минута Гомез погоди. Меѓутоа, видео технологијата откри дека постоел офсајд, па голот беше оправдано поништен.

Марио Гомез во 21. минута имаше пенал да се извлече, но ја затресе пречката од голот на гостите.

Тука не беше крајот на неверојатните возбудувања пред голот на берлинскиот тим, бидјеќи домаќините покасно повторно со помош на видео технологијата им беше поништен уште еден гол.

Неверојатно, а Херта и понатаму води 1:0..

поврзани објави

Последни објави