Агенцијата “Промоција плус“ со своето последно месечно истражување покажува дека доколку утре би се одржале парламентарни избори во Хрватска, владејачката партија „Хрватска демократска заедница“ (ХДЗ) би освоила 31,3 проценти од гласовите, што е за 2,2 отсто помалку во споредба со почетокот на октомври.
Според резултатите од истражувањето, направено во периодот од 31 октомври до 4 ноември, водечката опозициска Социјалдемократска партија би добила 22,9 отсто од гласовите, за разлика 22,1 проценти во октомври.
На трето место е движењето Мост, за кое сега би гласале 8,7, а во октомври 7,8 отсто од анкетираните.
И овојпат, трет месец по ред, најпопуларен политичар во Хрватска е „никој“, односно токму за оваа опција се определиле 23,3 проценти од анкетираните. Следна на листата е претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ, која е најпопуларниот политичар за 14 проценти од испитаниците, за разлика од 15,3 проценти во октомври.
Премиерот Андреј Пленковиќ е на трето место со 11,1 проценти, но истовремено води во негативната класификација на политичарите, со 20 проценти. На второ место е „сите политичари„ со 14,3 проценти од анкетираните. На трето место на негативниот листа, е поранешниот министер за култура, Златко Хасанбеговиќ со 10,9 проценти.
Само 16,9 проценти од анкетираните сметаат дека Хрватска се движи во правилна насока, а 76,8 проценти – дека се движи по погрешен пат.