30.8 C
Skopje
Saturday, June 15, 2024

Концерт на словачкиот пијанист Рихард Рикон на Есенски музички свечености

Вечерва на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на 18-тите Есенските музички свечености концерт ќе одржи пијанистот од Словачка, Рихард Рикон.

На програма се дела од Шопен, Вебер, Лист, Шуберт, Фибих и Дуранд.

Пијанистот, чие гостување се реализира во соработка со Амбасадата на Словачка, утре ќе одржи и работилница со студентите од ФМУ.

Рихард Рикон свири пијано од 5 години, дипломирал во 2000 година на Универзитетот за изведувачки уметности во Братислава, а две години се усовршувал и на конзерваториумот „Супериор“ во Париз, каде што ја стекнал и втората диплома од колеџ, во класата на Еуген А. Рубинштајн.

Есенските музички свечености беа отворени во петокот со репризата на гала-оперскиот концерт и претставата „Кавалерија рустикана“ со кои  Операта  ја почна новата сезона и го одбележа 70-тиот роденден.

Дирекцијата за култура и уметност-Скопје, која ја организира манифестацијата, најави 13 концерти до затворањето на 30 ноември, богата програма и странски изведувачи од повеќе земји од светот, концерти од класичната музика, но и џез и фолклорни настапи.

На манифестацијата со концерт ќе биде одбележан јубилејот-90 години од раѓањето и 10 години од смртта на проф. Драгослав Ортаков.

поврзани објави

Последни објави