fbpx
11.8 C
Skopje

Напад на телевизиска станица, убиени неколку новинари, а има и доста повредени

АКТУЕЛНО

Утрово група напаѓачи активираше експлозивна напреава пред зградата на приватната телевизија во Кабул, Шамшад, а потоа влезе и во редакцијата.

Тамошните локални медиуми пренесуваат дека откако напаѓачите влегле во зградата на телевизијата, отвориле оган врз вработените. Првичните информации говорат дека има убиено неколку новинари, а најмалку 20 вработени се повредени.

Очевидци велат дека некои од вработените, со цел да се спасат, скокале од прозорците.

За нападот се уште никој не ја презеде одговорноста.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -