Во Лас Вегас се одржа Саем за потрошувачка електроника, а главна улога зема роботот кој беше наречен и направен по генијалниот ум, Алберт Ајнштајн.
Уште по самиот изглед може да се забележи дека роботот е дизајниран според ликот на познатиот научник. Од компанијата „Hanson Robotics“, која што и воедно го произведува, наведуваат дека е првиот робот кој поседува емоции.
Роботот е направен со цел да ги учи децата математика, физика, хемија и други предмети. Покрај тоа тој може да ја кажува временската прогноза. Истовремено роботот ќе го препознава вашиот глас и ќе одговара на прашањата. Компатибилен е само со „Android“ и „Apple“ табети, и се контролира преку апликацијата наречена Stein-0-matic.
Како всушност изгледа роботот, погледнете во следниот видео прилот: