Во Израел, вчера за време на тренинг на израелски Хапоел Бер Шева се одвивало вистинска драма.
Капитенот Елианив Барда додека тренирал, една навидум безопасна топка го погодила во градите и загубил свест, по што се струполил на теренот. Веднаш во помош му дотрчале соиграчите кои ја започнале реанимацијата, но безуспешно.
„Беше застрашувачки. Тоа ме потсети на сите слични случувања во фудбалот и кога видов дека паѓа… Тоа беше страшен стрес. Голем дел од играчите веднаш почнаа да плачат кога го вратиј во живот со електрошоковите. Беше навистина језиво“, изјави претседателката на клубот, Алона Баркат.
За среќа брзо стигнале докторите кои со четири електрошокови го вратиле во живот искуснит 35-годишен фудбалер кој има играно и за Макаби Хаифа, Хапоел Тел Авив и Генк.