https://vimeo.com/242020965
-Недопустливо е вакво насилство, бидејќи тоа може да остави големи последици врз децата кои се изложени на малтретирање, рече тој.
Полицијата, како што наведе тој, во соработка со надлежното обинителство ќе ги преземе сите мерки за решавање на случајот.
-Мораме да испратиме до целото општество порака дека вакви работи не се прифатливи и дека нема да бидат толерирани, рече Стефановиќ во пишана изјава до медиумите.
На снимката можат да се слушнат извици од други ученици кои се смеат, а во малтретирањето предничи една ученичка која во еден момент вика: Дали ти е јасно?
Според соопштението на Јавното обвинителство веќе е покрената постапка против тројца ученици кои имаат по 15 години.