Бранителот од 2001, Зоран Граорски кој има партиска членска книшка во ВМРО ДПМНЕ од 23.05.1991 година, кој испрати писмо до нашиот портал во кој го повикуваше Јохан Тарчуловски на ТВ дуел и го нарече квазибранител, денеска повторно ни испрати текст во кој истакна дека обединувањето во десницата, според него, ќе зависи од вистинскиот лидер на десницата Љубчо Георгиевски.
ЕВЕ ШТО НАПИША ГРАОРСКИ:
Обединување на десницата е процес кој ќе се случи. Тој процес зависи од човекот кој е вистински лидер. ВМРО со благослов на ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ ќе се обедини со вистинските вредности. ВМРО не го казнува сопствениот народ. ВМРО е плод на Македонската нација, и ВМРО ќе постои за народот. Не смееме да дозволиме еден човек наречен Груевски, поддржуван од една багра на дебили да го жртвува сопствениот народ и државата заради нивниот криминал и уништување на една генерација. Во 2001год. имавме Конфликт, на чело на државата беше човекот кој се жртвуваше самиот себеси, а во интерес на народот и државата. 2001год. се дадоа жртви кој никогаш неможат да се надоместат.
Многу луѓе дадоа се од себе за да одбраниме она што може да се одбрани, и покрај силниот притисок на меѓународната заедница. Во тој период се работеше за вистинска одбрана на татковината. Ние не го браневме криминалот на еден човек, како што сега се дрзнаа некои вжештени глави, или од малоумност или добро платени од криминалната банда на Груевски. Што со секој нивни чекор се закопуваа во сопствениот измет. И направија изолирана држава и обесправени македонци кои размислуваа со своја глава. И овде ќе дојдеме до заклучок како се води држава во демократски услови владеење на правото и почит према оние кои не размислуваат како власта. Во периодот на Конфликтот ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ беше трн во очите на цела меѓународна заедница на која жестоко се спротистави. Љубчо ГЕОРГИЕВСКИ беше единствениот човек во советот за безбедност кој побара воена состојба во Република Македонија. Тој беше политичарот кој направи саможртва, за да Никола Груевски стане претседател на партијата. И затоа не случајно на Вмро потребен му е човекот со неговата визија, човекот кој може да го врати ВМРО во вистинскиот колосек. Тој човек е единствениот лидер на ВМРО ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ. Во ВМРО претседатели ќе има многу, ќе доаѓаат и ќе заминуваат, но лидер ќе биде,, ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ.
Зоран Граорски – Бранител од 2001 и член на ВМРО-ДПМНЕ од 23.05. 1991 година.
Порталот „Поглед“ се оградува од тврдењата изнесени во написот. Тие се личен став на авторот и по никаков начин не можат да бидат поврзани со нашата редакција.