Сириската војска денес прогласи победа над ИСИЛ откако информираше дека го освоила и последниот град под контрола на борците на ИСИЛ во таа држава. По ова, дојде крајот и пропадна тригодишниот самопрогласен калифат на оваа терористичка група.
Сепак, армијата на Сирија и нејзините сојузници и понатаму се борат против ИСИЛ во пустинскиот дел во близина на Албу Камала, град кој се наоѓа во близина на ирачката граница.
Со освојување на тоа подрачје ќе се заврши ерата на владеење на ИСИЛ на калифатот прогласен во 2014 година на територија на Ирак и Сирија, под чија репресија страдаа милион луѓе.
Што се однесува до борците на ИСИЛ, наместо да се борат до крај, до смрт како и до сега, многумина од нив, оние најверните кои што остнаа во долината на Еуфрат и во селата на границата помеѓу Ирак и Сирија, се предадоа.