13.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Французите со сомнеж за нуклеарен инцидент во Русија или Казахстан

Облак кој бил радиоактивно загаден бил забележан на небото над Европа во изминатата седмица. Ова сугерира дека во последната седмица од септември се случило несреќа во нуклеарна станица базирана во Русија или Казахстан.

Оваа информација за медиумите ја објави францускиот инсистут за нуклеран безбедност (ИРСН).

Споменатата инсистуција веднаш ја отфарли можноста несреќата да се случила во нуклеарен реактор и тврди дека таа се случила на место за третман на нуклеарн гориво или во центар за нуклеарна медицина.

За среќа ИРСН потенцира дека овој инцидент немал последици за жителите и околината на Европа.

 

поврзани објави

Последни објави