13.8 C
Skopje
Thursday, May 23, 2024
spot_img

Затворени 13 локали по синоќешната акција на МВР, приведени малолетници поради дрога

Во синоќешната акција на МВР заедно со повече инспекциски служби, затворени се вкупни 13 угостителски објекти, а контролирани биле вкупно 24 локало. Како што пренесуваат од МВР, затворени се следните објекти.

1. Гостилница Мал Алтан
2. Кабаре Миднајт – ДПТУ Парламенто
3. Кафе бар Версаче
4. Кафе бар Јари Дупка
5. Кафе бар Конект – Тим Трејд Дооел
6. Кафе бар Ла Лара
7. Кафе бар Снеки бар
8. Ноќен бар Вокс
9. Ноќен клуб Аристократ
10. Ноќен клуб Капан Ан
11. Ноќен клуб Ле Клуб Из Дооел
12. Пивница Темов Доо
13. Ресторан Гиго

Од МВР велат дека ќе продолжат со ваквите контроли и во следниот период, и нема да биде толерирано никакво непочитување на законите.

„Поради утврдени неправилности, затворени се 13 угостителски објекти, а на едукација се повикани пет сопственици на угостителски објекти. Во осум угостителски објекти е евидентирано присуство на малолетни лица, а приведени се четири малолетници. Двајца од нив за користење на наркотични средства, а двајца за утврдување на идентитет“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од страна на СВР Скопје беше спроведена и зајакната сообраќајна контрола, во врска со управување на возило од граѓани под дејство на алкохол, при што алкотест било извршено врз 272 возачи, од кои 102 биле под присуство на алкохол во крвта.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Последни објави