14.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

Додека монтирале плински боца на кола дошло до експлозија, мајсторите завршиле во болница

Во текот на вчерашниот ден, во вечерните часови, односно во 21,10 часот во Куманово на ул .„Никола Тесла“ настанал пожар во помошна просторија- гаража од куќа сопственост на М.Ј. .

До пожарот дошло поради невнимание при замена на цевка за плин, монтирање и демонтирање на плинска боца на патничко возило „Рено 18“ со кумановски регистарски ознаки , сопственост на Т. М. (54) од Куманово, додека Т. М и А. Ц. (34) од Куманово биле заедно во каналот под возилото, дошло до експлозија и запалување на инсталацијата за плин на возилото, при што  внатрешноста на истото целосно изгорела, а Т. М. и А.Ц  се здобиле со изгореници од втор степен во пределот на рацете и лицето, а воедно опожарена е и гаражата.

Истите со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Медицински Центар – Куманово за укажување на лекарска помош.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Противпожарната единица -Куманово. Увид на лице место извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Куманово.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -