Во текот на вчерашниот ден, во вечерните часови, односно во 21,10 часот во Куманово на ул .„Никола Тесла“ настанал пожар во помошна просторија- гаража од куќа сопственост на М.Ј. .
До пожарот дошло поради невнимание при замена на цевка за плин, монтирање и демонтирање на плинска боца на патничко возило „Рено 18“ со кумановски регистарски ознаки , сопственост на Т. М. (54) од Куманово, додека Т. М и А. Ц. (34) од Куманово биле заедно во каналот под возилото, дошло до експлозија и запалување на инсталацијата за плин на возилото, при што внатрешноста на истото целосно изгорела, а Т. М. и А.Ц се здобиле со изгореници од втор степен во пределот на рацете и лицето, а воедно опожарена е и гаражата.
Истите со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Медицински Центар – Куманово за укажување на лекарска помош.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Противпожарната единица -Куманово. Увид на лице место извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Куманово.