3.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Соломон Паси: Баба ми велеше: „Царот ги спаси евреите“

„Баба ми велеше „Царот нѐ спаси“. Така поранешниот прв дипломат на Р. Бугарија, Соломон Паси одговори на прашањето: „Кој ги спаси бугарските Евреи?“, поставено од страна на водителот на утринската програма на БТВ, Антон Хекимјан. Паси раскажа дека неговото семејство веќе било подготвено да биде испратено во логорите на смртта, кога дошол спасот. Според Паси наједноставниот одговор на прашањето за спасот на бугарските Евреи, е „бугарскиот народ“. Токму поради овој факт Бугарија е предложена за Нобелова награда за мир. Паси е дециден дека тврдењата на портпаролот на Руското министерство за надворешни работи Марија Захарова, дека комунистичката Црвена армија ги спасила бугарските Евреи се лага.

поврзани објави

Последни објави