3.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Поранешниот градоначалник на Ново Село заработи кривична пријава

Денес, секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство – Струмица, поднесе кривична пријава против  Б.В (53) од Ново Село, поради постоење на основано соменение дека пријавениотсторил  две кривични  дела – “послужување во службата“ и “посебни случаи на фалсификување исправи“ од КЗ на РМ.

Станува збор за веќе поранешниот градоначалник на општина Ново Село, Блажо Велкови.

Имено, пријавениот на  18.10.2017 година, неовластено се послужил со моторното возило сопственост на општина Ново Село,  возило кое како претходен градоначалник му било доверено на користење за службени потреби. Б.В. иако знаел дека му престанал мандатот како градоначалник на општина Ново Село, истиот ден кога му е врачено Уверение на новиот градоначалник на општина Ново Село, одбил да изврши примопредавање на моторното возило  сопственост на општина Ново Село, притоа  изготвувајќи си налог за патување со службено возило. Без оглед што немал повеќе овластување како градоначалник  со возилото, заедно со неговата сопруга, заминал за Скопје за свои приватни потреби.

Од страна на СВР Струмица превеземни се мерки  за утврдување на наводите во пријавата, по што од  страна на полициски службеници  пред влезот во Струмица, кај бензинската пумпа „Лукоил“, било запрено ПМВ сопственост на општина Ново Село, управувано од страна на пријавениот, а како совозач била затекната неговата сопруга, која со нејзиниот  мобилен  телефон неовластено снимала.

При извршената контрола над возилото било констатирано дека пријавениот, го управувал возилото и за истото самиот си изготвил Налог за користење на ПМВ, сопственост на општина Ново Село  за деловни потреби, без број од 18.10.2017 година, во кој  било наведено дека на ден 18.10.2017 година патува на релација од Ново Село до Скопје за службени потреби.

Од страна на полициски службеници по наредба на ОЈО- Струмица, возилото – сопственост на општина Ново Село, и мобилниот телефон од совозачот со потврда за привремено одземени предмети  се одземени  и  фотографира.

поврзани објави

Последни објави