8.8 C
Skopje
Thursday, February 22, 2024

Промените се неопходни: Меси пронајде совршена замена за Ракитиќ кој е надвор од форма

Барселона e одлична оваа сезона во Премиера, но многу сметаат дека до пад на формата може да дојде. Особено се апострофира средниот ред, каде шкрипи и има празен простор.

Сепак, заблагодарувајќи се пред се на генијалноста на Меси тоа и не се приметува толку многу. Меѓутоа, во средниот ред има доста играчи, но протокот на топката не е беспрекорен. Андрес Иниеста е веќе во години, Иван Ракитиж не е во препознатлива форма, додека својата работа одлично за сега ја извршуваат Серхио Бускетс и Паулињо.

Андре Гомес, Денис Суаре, Серхио Роберто сепак не се на очекуваното ниво. Сосема јасно е дека на тимот и те како му е потребно засилување, а многу сметаат дека е време за раздделба со 29. Годишниот Ракитиќ.

 

Леон Горетцка е се подалеку од Камп Ноу, а шпански Дон Балон тврди дека Меси веќе има спремна замена. Станува збор за феноменалниот Деле Алију од Тотенхем, кој очајнички го посакува и Реал Мадрид.

21. годишниот играч од средниот ред стана стандарден англиски репрезентативец. Аргентинецот смета дека тој би бил идеална замена за Хрватот чија форма падна, а неговото купување нема да биде ниту малку лесно. Меѓутоа, гласот на Меси се слуша во Барселона па можноста за реализирање на овој трансфер би била поголема доколку иницијаторот за тоа е токму Аргентинецот.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -