35.8 C
Skopje
Wednesday, June 12, 2024

Додека собирал шишарки пронашол неексплодирана мина од војната во 2001 година

Жител на село Ваксинце во текот на вчерашниот ден додека собирал шишарки откри неексплодирана мина.

Случајот е пријавен вчера во 14,30 часот, во Куманово кога на патниот правец од с.Слупчане кон с.Алашевце на м.в.Борово при собирање на шишарки, Ќ.Р.(55) од с.Ваксинце пронашол неексплодирана мина од минофрлач 66мм, која најверојатно потекнува од 2001 година.

Увид на лице место извршила екипа при СВР-Куманово, во содејство со екипа од Антитероризам и истата е подигната од лице место за понатамошна постапка. Известена е и Дирекција за заштита и спасување.

поврзани објави

Последни објави