Брегот на Охридското езеро утрово беше и тоа како лош за гледање откако силните бранови исфрлија големо количество тиња, трска и друг вид отпад посебно во делот околу новото и старото пристаниште.
На терен веднаш излегоа дежурните служби на „Јавна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец“ и започнаа вонредно расчистување на кејот.