Гласањето за Брексит.
Владата вети дека ќе им даде на пратениците “гласање со значење” за конечниот договор кој ќе биде постигнат во преговорите – но само на законодавно ниво. Некои пратеници велат дека ова не е доволно, и тие сакаат да им се даде можност да го изменат договорот. Според извештајот, министрите се подготвени да направат отстапки за ова прашање сè додека не се стават во неповолна положба.
Приврзаниците на Brexit се вознемирени токму за ова прашање, бидејќи стравуваат дека ако се дозволи промена на амандманите, договорот, може да стане жртва на процедурални зафати и одолжувања.
Повелбата на ЕУ за основните човекови права.
Повелбата, која стапи во сила во 2009 година, ги собира на страниците на еден единствен документ сите права на европските граѓани, кои се гарантираат од европскиот закон. Владата има намера да ја укине Повелбата, како дел од Brexit, тврдејќи дека таа само кодифицираше права, кои и онака ќе бидат гарантирани и од законите на Велика Британија. Во Конзервативната партија има внатрешна опозиција по ова прашање, која покажува дека на истиот принцип нема потреба таа да биде укината, туку може да биде вметната во законодавството и да биде разгледувана во британски контекст.
Начинот на кој е напишан законот, им дава огромна моќ на министрите да прават промени преку т.н. “Секундарно законодавство” – што е надвор од контролата на парламентот. Владата тврди дека овие права и се потребни за да може да прави брзи промени во текстовите, спрема тоа како се развиваат преговорите за Brexit и дека ако има промени, тогаш тие ќе бидат повеќе технократски, а не политички. Се разбира, има доста пратеници кои не го прифаќаат тоа мирно и претпоставуваат дека е можна злоупотреба на дадените овластувања. Тие инсистираат на повлекување на таквите права. Во Долниот дом (долниот дом на британскиот Парламент) е организирана комисија која препорача да се создаде институција која да ги контролира предложените “секундарни законодавни акти” и да одредува за кои од нив треба да се водат дебати и да се гласа.
Датумот на напуштање.
Тоа е амандман по сопствен закон на владата – и одредува дека Велика Британија ќе ја напушти ЕУ во 23:00 часот на 29 март 2019 година. Всушност, во моментот во законот не се прецизира точниот датум на напуштање на заедницата и некои експерти тврдат дека законот дозволува на владата да прогласи различни датуми за одделните аспекти на излегувањето од Заедницата. Оваа поправка, за која се дозна дури минатата недела, веќе беше објект на остри критики од проевропските конзервативци, каков што е Доминик Грејв, кој изјави дека законот “ќе ја намали флексибилноста на владата во преговорите” и додаде мистериозно: “Мислам дека ова е неконзистентно дејство и всушност е сосема глупаво “.
Одземање на овластувањата.
“Шкотската национална партија” (СНП) и лабуристите сакаат сите права кои во моментов ги дава ЕУ, да бидат префрлени на парламентите во Шкотска, Северна Ирска и Велс по Brexit. Тие тврдат дека ако тоа не се случи, Вестминстер ќе ги преземе и ќе се обиде да наметне централизација. Од владата тврдат дека имаат намера да одземат толку права колку што е потребно, за да обезбедат можност на министрите да дејствуваат во интерес и од името на цела Велика Британија.