Официјален Мадрид тврди дека одредени групи од Русија ги искористиле социјалните мрежи за организирање на каталонскиот референдум за независност со цел да ги дестабилизираат Шпанија и Европската унија. Откриена е серија од лажни профили, од кои 50% биле од Русија, а 30% од Венецуела. Официјална Москва, а и претставниците на каталонската власт негираат каква било соработка околу референдумот.
„Голема активност беше насочена од руската територија. Потенцирам: од руска територија што не значи дека биле од владата на Русија. Постојат организации од јавниот или привантиот сектор, кои сакаат да интервернираат во националната политика и да создадат нестабилност во Европа“, изјави Марија Долорес де Коспедал, министерка за одбрана на Шпанија.
И дел од раководството на НАТО, чијашто членка е Шпанија, верува дека постои руска стратегија за дезинформирање со цел да го уништи единството на Западот, особено на Европската унија којашто воведе санкции поради анектирањето на Крим.