Бугарското претседателство со Советот на ЕУ во голема мера ќе придонесе за напредокот на нашиот регион, изјави албанскиот претседател Илир Мета, по состанокот со бугарскиот заменик-претседател Илијана Јотова, која се наоѓа во посета на Албанија.
“За мене е огромно задоволство да се сретнам со потпретседателот на Бугарија, бидејќи Бугарија е традиционално пријателска земја за нас и ова пријателство е докажано назад во времето. Многу сме среќни што Бугарија следната година ќе го преземе претседателството со ЕУ. Ова е многу важно за Албанија, а исто така и за Балканот во целина затоа што веруваме дека Бугарија како членка на ЕУ ги знае животните проблеми во нашиот регион и ќе помогне за неговото унапредување”
рече Мета.
Илир Мета го коментираше законот на албанскиот парламент за правата на малцинствата во
земјата. “Во овој закон е вклучено и бугарското малцинство, за кое бугарската страна се залага одамна. Тоа е закон кој покажува дека Албанија е толерантна, отворена земја која работи за
еднаквоста на сите наши граѓани и веруваме дека ова е чекор напред во промовирањето на владеењето на правото во Албанија “, рече албанскиот претседател.