Во текот на изминатиот ден, државјанин на Косово, од засега непознати причина влегол во кругот на касарната „Илинден“, по што веднаш бил уапсе.
Настанот се одвивал во 10,00 часот во Полициска станица Карпош, кога по постоење основано сомнение за сторено кривично дело “неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени дејствија“ од КЗ на РМ бил приведен Х.Р.(58) од Косово.
Истиот бил затекнат во кругот на касарната „Илинден“. По целосно расветлување и документирање на случајот ќе му биде поднесен соодветен поднесок и ќе се превземат понатамошни дејствија.