Нови најави, по којзнае кој пат Кристијано Роналдо наводно најавил дека сака да си замине од Реал Мадрид, на крајот од сезоната
Пред неколку дена шпанските медиуми открија дека Роналдо навистина бил заинтересиран летово да си замине од Реал Мадрид, дека тоа не биле само празни шпекулации, но дека за најдобриот фудбалер на светот немало интерес. Поточно, единствени два клуба каде што Роналдо би можел да заигра биле ПСЖ и Манчестер Јунајтед.
Но, „Светците“ се одлучија за Нејмар, а Мурињо не сакал „Ѓаволите“ да трошат премногу време за Кристијано Роналдо, па Португалецот на крајот сепак остана во Реал, а не доби ниту ново зголемување на платата кое што го бараше.
Сега, според информациите кои доаѓаат од Пиринеите, Кристијано Роналдо го известил претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез дека сака да го напушти клубот во јуни следната година.