27.8 C
Skopje
Wednesday, June 12, 2024

Јавен повик до директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев!

Водејќи се по онаа добро познатата “за други атер за себе матер“, притоа не заборавајќи и на зборовите на Мајка Тереза која вели “доброто кое ќе го направиш денес, луѓето ќе го заборават утре.
Сепак, прави добро!“
Настрана од партиско-политичките аспекти од живеењето, настрана од тоа што јас и моите соработници, пријатели и другари кои САМО поради добрата волја притоа не барајќи ништо за возврат, сакајќи или не сакајќи со нашиот труд Ве доведовме на тоа место каде што сега и се наоѓате. За атер на тие што Ве гласале и атер на тие што работеа заедно со Вас направете добро дело за да можеме утре сите да се гордееме, бидејќи сите дале свој придонес за она што денес Вие го работите односно што ТРЕБА да го работите.

Dan Doncev без размислување и во што побрз можен рок излези во пресрет на малата Валерија, бидејќи таа го заслужува тоа, а Вие имате и можност и право да направите едно добро дело за кое утре ќе оставите простор и лице некој да го припомнува.
(Иако по право не треба да Ве моли никој оти Фонд за здравствено осигурување на Македонија не смее да дозволи да дојде до ваков момент туку уште веднаш да реагира!)
Патем: 070/143-117 и 078/143-480
#ЗаВалерија

Водејќи се по онаа добро познатата “за други атер за себе матер“, притоа не заборавајќи и на зборовите на Мајка Тереза…

Posted by Dino Blazeski on Tuesday, November 14, 2017

поврзани објави

Последни објави