13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Анчелоти како спасител?

 

Италијанците се разочарани, бараат нов селектор и Вентура би морал набрзо да замине од репрезентацијата.

Италијанската репрезентација доживеа вистинска катастрофа бидејќи изгуби од Шведска во баражот за заминување на Светско првенство. Затоа, без Италија на Мундијалот, најверојатно Вентура во најбрз можен рок ќе стане поранешен селектор на Италија.

Италијанскиот фудбалски сојуз се ангажираше да пронајде замена за Вентура и по пишувањата на некои медиуми започнале преговори со Карло Анчелоти.

Анчелоти одлучи да одмара до крајот на сезоната откако доби отказ во Баерн, но Италијанците ќе го замолат да им излезе во пресрет и да им помогне да се врати победничкиот менталитет на Азурите.

Покрај него, кандидати за клупата на Италија се и Роберто Манчини, Антонио Конте и Алегри.

поврзани објави

Последни објави