Синоќешните поројни дождови што паднаа во околината на Атина предизвикаа поплави, јавија грчките медиуми. Патиштата во населбата Неа Перамос, околу 27 километри западно од Атина, се претворија во калливи реки. Градоначалникот на Неа Парамос Григорис Стамулис изјави дека речиси целиот град е поплавен и додаде дека во тек се операции за укажување помош на засегнатите граѓани. Некои од жителите на населеното место, биле принудени да се качат на покривите од нивните домови.