Во текот на изминатио де во 10.30 часот во Полициската станица Струга, од екипа на Итната медицинска помош било пријавено дека во возило (комбе) во атарот на с.Ливада, струшко, на место викано „Бело Губе“, констатирале смрт кај лицето Ф.Ш.(39) од Пешкопеја-Република Албанија.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Струга. Притоа, било утврдено дека Ф.Ш. бил ангажиран кај Д.Р. од с.Ливада како овчар, а комбето го користел како преноќиште.
Во комбето била пронајдена плинска греалка која се користела за затоплување на истото. По наредба на Јавен обвинител, врз телото била направена обдукција, при што e констатиранo дека Ф.Ш. починал од труење со јаглено-моноксид. Телото на починатиот, по обезбедување на потребната документација за транспорт во Република Албанија, ќе биде предадено на семејството.