Неколку демократи во Претставничкиот дом на САД поднесоа предлог за импичмент на претседателот Доналд Трамп. Тие го обвинуваат во попречување на правдата, незаконско разрешување на директорот на ФБИ Џејмс Коми, “поткопување” на американската правен систем, кршење на слободата на говорот и прекршување на член за наградување . Веројатноста интерпелацијата да се случи е мала, бидејќи републиканците го контролираат Конгресот, а исто така лидерите на демократите се против идејата, бидејќи веруваат дека таа акција само ќе ги налути републиканците кои го поддржуваат Трамп. Во моментов, републиканците поседуваат 240 места во долниот дом, додека Демократите – 194.