-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Национална жалост по поплавите во Грција, најавена истрага за можна човечка грешка

Грчкиот премиер Алексис Ципрас прогласи национална жалост за жртвите во големите поплави во кои загинаа 15 лица. Во големите поплави по поројните врнежи во западниот дел на Грција, според последните информации загинаа 15 лица а десетици се сериозно повредени. Според локалната служба за спасување, сè уште е нејасно колку луѓе се уште се водат за исчезнати.„Тоа е катастрофа, трагедија”, рече грчкиот министер за внатрешни работи, Панос Скурлетис, на државната телевизија ЕРТ.  Локалните власти ги затворија училиштата во регионот Мандра, Неа Перамос и Мегара. Одделот за противпожарна заштита упати апел до граѓаните да ги избегнуваат погодените региони.
Правосудните власти наредија итна истрага за жртвите и штетите од поплавите. Тие сакаа да проверат дали илегалните или лошо обработени градежни конструкции можеби придонеле за сериозните последици од поплавите.

 

поврзани објави

Последни објави