Новиот генерален секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер, утре ќе ја посети за прв пат Република Македонија, соопшти македонското МНР. Гремингер ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, а ќе се разговара за новата општествена клима во земјава, за соработката со ОБСЕ и за поддршката што ја дава во процесот на европската и евро-атлантска интеграција на Македонија.