Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, побара од Брисел да им дозволи на балканските земји да се приклучат кон Европската унија, додека блокот се подготвува за излез на Велика Британија од Унијата. По состанокот со италијанскиот премиер Паоло Џентилони, Борисов изрази загриженост околу иднината на блокот по Брекзитот, но истовремено и лобираше некои земји од Западен Балкан да бидат примени во Заедницата. Борисов изјави дека е свесен за тежината на преговорите за Брекзит и додаде дека земјите од западен Балкан можат да се сметаат како алтернатива за иднината на Унијата.
„