Делегацијата на Европската Унија го објавува 15-тиот конкурс за наградата „Жан Моне“ за најдобри достигнувања во покривањето на теми поврзани со темата “ЕУ за ТЕБЕ?”.
Наградата Жан Моне ќе биде доделена во 3 натпреварувачки категории:
1. Конкурс за најдобра новинарска сторија (за стории објавени во печатени медиуми и/или на интернет)
2. Конкурс за најдобра репортерска фотографија (за фотографии објавени во печатени медиуми и/или на интернет)
3. Конкурс за најдобра аматерска фотографија
Конкурс за најдобра новинарска сторија
Творбите кои ќе учествуваат во оваа категорија се авторски стории на тема: “ЕУ за ТЕБЕ?”, објавени во национални весници, списанија и на веб-страници, во периодот меѓу 20 ноември 2016 и 19 ноември 2017.
Сториите треба да ги исполнуваат следните критериуми:
– Сторијата да се однесува на темата „ЕУ за ТЕБЕ?”;
– Сторијата да е објавена во периодот меѓу 20 ноември 2016 и 19 ноември 2017;
– Сторијата да е потпишана со вистинското име на авторот;
– Авторот да е македонски државјанин.
Копии од новинарските стории во дигитален ПДФ формат, заедно со изјава во писмена форма, потпишана од авторот, со која гарантира дека таа/тој е автор на сторијата, треба да се испратат на следнава електронска адреса: JMcompetition@euic.mk, најдоцна до 20 ноември 2017 година во 18.00 часот. Секој од пријавените ќе добие потврда за прием по електронска пошта од страна на ЕУ инфо центарот.
Награда: статуетка, диплома и парична награда од 1.000 евра.
Конкурс за најдобра репортерска фотографија (за фотографии објавени во печатени медиуми и/или на интернет)
Конкурсот е отворен за сите професионални фоторепортери и фотографи од земјата, кои може да поднесат до 3 фотографии на тема „ЕУ за ТЕБЕ?”, објавени во периодот меѓу 20 ноември 2016 и 19 ноември 2017.
Фотографиите треба да ги исполнуваат следните критериуми:
– Темата на фотографијата да биде „ЕУ за ТЕБЕ?”;
– Фотографијата да била објавена во периодот од 20 ноември 2016 и 19 ноември 2017;
– Фотографиите да не се користени за комерцијални цели;
– Авторот да е македонски државјанин.
Копии од фотографијата/фотографиите во дигитален формат (големината на секоја фотографија треба да биде 3-5 MB), заедно со изјава во писмена форма и потпишана од авторот со која гарантира дека таа/тој е автор на фотографијата, треба да се испратат на следнава електронска адреса: JMcompetition@euic.mk, најдоцна до 20 ноември 2016 во 18.00 часот. Секој од пријавените ќе добие потврда за прием по електронска пошта од страна на ЕУ инфо центарот.
Награда: статуетка, диплома и парична награда од 1.000 евра.
Конкурс за најдобра аматерска фотографија
Конкурсот е отворен за сите фотографи аматери од земјата кои може да достават една фотографија на тема “Човекови права”. Фотографиите кои се натпреваруваат во оваа категорија може, но не мора, да бидат претходно објавени.
Фотографиите треба да ги исполнуваат следните критериуми:
– Темата на фотографијата да се однесува на човековите права;
– Фотографијата да не е користена за комерцијални цели;
– Авторот да е македонски државјанин.
Кандидатите за оваа категорија треба да ги испратат своите пријави на следнава електронска адреса: JMcompetition@euic.mk, најдоцна до 20 ноември 2017, до 18.00 часот. Секој кандидат може да испрати по 1 (една) фотографија (големина на фотографијата 3-5 MB) како и да гарантира дека тој/таа е автор на фотографијата со испраќање на изјава во писмена форма на истата електронска адреса. Секој од пријавените ќе добие потврда за прием по електронска пошта од страна на ЕУ инфо центарот.
Награда: диплома и парична награда од 500 евра.
Забелешка: Делегацијата на Европската Унија нема да се смета за одговорна за каква било законска обврска што произлегува од какви било спорови околу авторските права, за кои исклучиво е одговорен пријавениот натпреварувач. Делегацијата на Европската Унија го задржува правото да ја поништи квалификацијата на пријавената творба околу која се спори и да ја повлече доделената награда и паричната награда.
Дополнителни информации
Жири комисијата ќе се состои од седум члена – претставник од Делегацијата на Европската Унија, Секретаријатот за европски прашања, минатогодишниот победник во рамки на категоријата за најдобра репортерска фотографија, минатогодишниот победник во рамки на категоријата за најдобра новинарска сторија, претставник од новинарско здружение, претставник од ЕУ инфо центарот како и почесен претседател на жирито.
Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 14 декември 2017 година.