Припадниците на армијата мора да знаат дека ќе бидат ценети според својата способност и знаење, а не според фаворизирање на поединци или политички партии, порача денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска по средбата со припадниците на Полкот за специјални операции при АРМ. Шеќеринска изјави дека во буџетот за 2018 година се предвидени средства за зголемување на платите за сите кои се во служба на армијата на Македонија во износ од 10 проценти. Министерката била информирана за потребите на „волците“, кои во кругот на касарната Илинден изведоа показана вежба, а се разговарало и професионалните и објективни стандарди на АРМ. За наредната година се предвидени и два конкурса за нови професионални војници и нагласи Шекеринска нагласи дека шанса за вработување во елитните единици на АРМ ќе има секој поединец кој ќе ги исполни сите барани услови.