12.8 C
Skopje
Monday, May 27, 2024
spot_img

Робињо: Кака беше блиску до трансфер кај нас, но Меси…

Беше тоа 2005. година кога малиот Пеле – Робињо, пристигна во Европа и тоа на – Сантиаго Бернабе. Првиот официјален натпревар го играше против Кадиз кога Реал Мадрид славеше со 2:1, а Робињо во игра влезе во второто полувреме од играта. Тогаш навистина импресионираше со својата игра и очекуваше дека ќе стане еден од најдобрите фудбалери, но никогаш тоа не беше ни од близу…

Тој во Реал Мадрид пружаше вистински мајсторски игри во текот на цели три и пол сезони колку што и беше на Сантиаго Бернаб, а потоа се одлучи да замине во Манчестер Сити, а многу мислења говорат дека тоа било најголемата негова грешка во неговата кариера.

„Го сакав Манчестер. Клубот, рестораните, да не заборавам и дискотеките,“ започна Робињо. За мене се создаде слика дека сакам често да излегувам. И да, навистина излегував. Но, англиските фудбалери излегуваа многу почесто од бразилците. За да го донесат во Сити, сопствениците на клубот мораа да го направат најскапиот фудбалер во лигата со над 160. 000 фунти неделна плата. Тој тогаш беше најголемата ѕвезда во тим во кој немаше многу сјајни играчи.

Најинтересниот дел од интервјуто е поврзан со ветувањето од страна на сопственикот на Сити дека ќе ги купи Кака и Меси. Шеикот имаше намера да ги донесе Кака и Меси. За Кака верував дека е можно, но Меси… тој беше надвор од рамките на реалноста. Сопственикот сакаше да ги направи најдобар тим на светот… погледнете ги сега, го имаат најдобриот тренер на светот, вели тој.

Некогашниот напаѓач на Реал, Манчестер Сити, Милан и Сантос говореше и за Златан Ибрахимовиќ кој му зборувал дека тој е најважниот за неговото доаѓање во Милан.

 

поврзани објави

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Последни објави