6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Митрополит Наум Струмички: БПЦ има историска шанса да стане Црква-мајка на МПЦ-ОА

Бугарската православна црква со признавањето на  Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија, има шанса да стане црква мајка на нашата црква, тоа е редок историски момент што Бугарската црква не треба да го пропушти. ова го изјави струмичкиот митрополит Наум во интервју за бугарската телевизија БТВ. Отецот Наум истакна дека потпишувањето Договорот за добрососедство и пријателство меѓу Република Бугарија и Република Македонија е отворање на патот кон можното признавање на МПЦ-ОА од страна на БПЦ. Струмичкиот митрополит изјави дека Македонија и Бугарија имаат заедничка историја и во однос на верата, спомнувајќи го фактот дека речиси 95 % од верниците на територијата на Македонија во минатото биле припадници на Бугарската Егзархија. Според митрополит Наум, свештените лица од двете држави чекале политичарите да го направат првиот чекор во затоплувањето на односите, а тоа покажало и одредена доза на несозреаност кај свештениците од двете страни на границата.

поврзани објави

Последни објави