6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Дури 72% од Бугарите ги сметаат Македонците за најблиски на Балканот

Расположението на Бугарите кон Македонците е исклучително позитивно – дури 72 % тврдат дека Македонците се најблиски на Балканот за Бугарите. Мнозинство меѓу нив е групата од 26 до35 г. и луѓето над 65 години, покажуваат податоците од најновите истражувања на Институтот за политика посветени на темата за односите меѓу Бугарија и Македонија.
При испитувањето на реалните контакти меѓу двата народа се утврди дека 78% тврдат дека немаат блиски роднини и пријатели во Македонија.
85% од луѓето веруваат дека минатото создало вештачка дистанца меѓу граѓаните на двете земји и дека двете земји и нивните граѓани имаат заедничка историја.
Сепак, 43 отсто го признаваат правото на Македонија да го идентификува својот јазик самостојно.
Бугарите се убедени дека претставуваат мост за Македонија на патот кон членството во ЕУ (80%). Речиси истиот процент го поддржува напорот на Македонија за влез во Унијата. 56% од Бугарите го знаат историскиот факт дека Бугарија прва ја призна независноста на Македонија. Постарите луѓе и луѓето со високо образование се многу подобро запознаени со тоа.

поврзани објави

Последни објави