6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Делегација на Собранието на РМ ќе учествува на тркалезна маса во Брисел

Делегација на Собранието на Република Македонија во состав: Артан Груби, Томислава Тунтев, Фадил Зендели и Никола Попоски, од понеделник, 20 ноември 2017 година, ќе учествуваат на Тркалезната маса на високо ниво на тема: „Регионалната перспектива на евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан”, во Европскиот парламент во Брисел, Кралството Белгија.

На конференцијата, пратениците ќе разменат искустава со своите колеги од регионот, со колегите од Европскиот парламент, ќе имаат средби со известителите и известителите во сенка за Република Македонија во Европскиот парламент, а ќе се сретнат и со високи претставници од Европската комисија, како и со претставници од Канцеларијата на Високата претставничка на Европската унија задолжена за надворешна политика и безбедност.

поврзани објави

Последни објави