Пронајдени се три нови тела на жртви од катастрофалните поплави во Грција, со што бројот на загинати достигна до 19, соопштија грчките власти. Во моментот е во тек процес на идентификација на пронајдените останки. Никос Папаевсатиу, раководител на Националниот оперативен центар за здравствена заштита изјави дека се уште не е познато дали пронајдените тела се на лица кои се водат како исчезнати. Папаевсатиу посочи дека телата се пронајдени во градот Мандра.